Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, категорично ги демантира тврдењата дека убиената Росица К. пет месеци пред трагичниот настан му испратила СМС-порака во која барала помош.

„Овој трагичен случај не смее да се злоупотребува за дневнополитички цели“, порачуваат од МВР за „Слободен печат“.

Во јавноста и на социјалните мрежи кружи изманипулирана фотографија за која се тврди дека е СМС пораката што Росица наводно ја испратила до Тошковски. Сепак, на сликата недостигаат три цифри од телефонскиот број, нема датум на испраќање, а веродостојноста не може да се потврди, па ја прави погодна за манипулација од мизерната СДСМ пи-ар машинерија. Слично како сечи-лепи „бомбите“, кои кога ќе ги слушневте цели клако разговор, сфаќавте дека СДС сечеле и лепеле…

На социјалните мрежи врие од осуди на ваквиот бескруплозен начин на терање кампања од лузерската СДСМ, која соочена со дебакл на претстојните избори и падната на ниво да биде „пата-пата“ со една Левица и да губи повеќе од 4 пати од ВМР-ДПМНЕ, сега се користи и со лажни вести и мануипулации, потценувајќи ја по којзнае кој пат интелигенцијата на сопствениот народ.