Весникот Лајм објави фотографија од високиот партиски функционер Фатмир Бесими кој е сликан заедно со српскиот генерал Љубиша Диковиќ.

Во продолжение веста која е објавена на порталот Лајм:

Господине Али, Лајм сѐ уште нема отидено на одмор, па затоа би било добро да бидете малку повнимателен со вашите изјави.

Не изјавувајте дека “ОЗНА и УДБА” се против ДУИ, бидејќи сликата од состанокот на поранешниот министер Фатмир Бесими со српскиот генерал Диковиќ не се совпаѓа со тие зборови што ги кажувате. Бидејќи станува збор за средба со шефот на српската армија, кого и самите српски невладини организации го обвинуваат за воени злосторства против косовските Албанци.

Дали навистина мислите дека Албанците ќе веруваат дека Диковиќ (со кого вашиот министер стегал раце) е против УДБА и ОЗНА? Дали мислите дека Албанците веруваат дека оваа средба на Бесими со Диковиќ е реализирана без ваше знаење?

Можеби ќе кажете дека оваа слика веќе е објавена илјада пати. Ќе ја објавиме 10.000 пати ако е потребно, затоа што покренува основани сомневања дека реалноста е во целосна спротивност со зборовите кои ги зборувате.