Американскиот пејач Лајонел Ричи беше отпуштен од болница по тридневна хоспитализација и моментално се опоравува во својот дом во Лос Анџелес.

Имено, 77-годишниот музичар претходно се пријавил во болница како мерка на претпазливост по настапот во Сент Луис на 29 август. Според претходните извештаи, тој бил сместен во одделот за интензивна нега, каде што му биле направени кардиолошки тестови.

За време на концертот во салата „Мани“ во Сент Луис, го замолил својот тим да му донесе стол додека ја изведувал завршната песна „All Night Long“. Ричи моментално е на турнејата „Sing a Song All Night Long“ со Earth, Wind & Fire.

Тој имал здравствени проблеми претходно ова лето. На првиот дел од турнејата во јуни, тој го прекина настапот откако му се слоши на сцената.

„Кога ти се врти главата, седни“, рече Лајонел Ричи на концертот.

После тоа, тој одложи два концерта за да се одмори и целосно да се опорави, пред да се врати на настапите на 30 јуни.

Ви благодарам за секоја порака, секој љубезен збор и целата ваша љубов. Добро сум и ви сум благодарен на сите вас“, им напиша тој на обожавателите на Инстаграм.

Неговиот следен концерт е закажан за 26 септември во Сан Франциско.