Менторот на Челзи, Френк Лампард, коментираше пред медиумите дека во лицето на Кристијан Пулишиќ го гледа идниот лидер на тимот.

– Челзи направи голем удар со потписот на Кристијан Пулишиќ. Во контролната со Ред Бул Салцбург, тој демонстрираше зрела игра, без оглед на неговата млада возраст. Тој работи со исклучителна класа, тој се развива секој ден, со секоја тренинг сесија. Да, ќе му биде тешко да се прилагоди на фудбалот во Премиер Лигата, но тој ќе стане лидер на тимот, рече Лампард.

Пулишиќ постигна два гола за победата од 5:3 на Челзи над Ред Бул.