Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.
– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која е цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница.
Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Груевски од Унгарија.