Само во Унгарија, и никаде на друго место во Европа, сите три парламентарни партии – се десничарски. Нема, ама баш ниеден, левичар, социјалдемократ, скраја да е некој ʼзеленʼ или комунист, го коментира новинарот Драган Павловиќ-Латас радувањето на СДС и на Венко Филипче во врска со исходот од изборите во Унгарија.

– СДСМ и локалните ни соросоиди слават што никој сличен на нив нема во тој Парламент. А Венко Филипче имаше шест години можност да им каже на (Виктор) Орбан и (Петер) Сијарто што мисли за нив, за почеток кога донираа помош на Македонија за време на Ковид-19. Време во кое (Зоран) Заев и Филипче се обидоа да заработат ʼкупувајќиʼ кинески вакцини преку посредници. Кинезите не им дозволија, коментира Латас.

Апсурдно е, но Филипче и партијата на чие чело е тој, се радуваат на прес-конференции и на социјалните мрежи на тоа што нивната сестринска партија доживеа пораз исто како и тие во Македонија.