Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со екипата на Интер обврзувајќи се на верност кон актуелниот италијански шампион до 2026 година.
– Навистина сум среќен што останувам во овој клуб уште многу години. Се гледаме на стадион, порача Мартинез во видеообраќање на социјалните мрежи.
Мартинез досега настапи на 144 натпревари во дресот на Интер и постигна 54 голови.
Аргентинскиот 24-годишен напаѓач, кој дојде во Интер во 2018 година, сезонава има пет голови на девет натпревари во Серија А.