Кошаркарите на Јута, предводени од хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ (19 поени) ја продолжија победничката серија во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Хјустон на гостински терен со 122-91.

Њујорк на гостински терен му го нанесе првиот пораз сезонава на Чикаго, додека Филаделфија на домашен терен го совлада Детроит, кој сè уште ја чека првата победа.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:

Филаделфија – Детроит 110-102

Вашингтон – Атланта 122-111

Чикаго – Њујорк 103-104

Хјустон – Јута 91-122

Далас – Сан Антонио 104-99

Голден Стејт – Мемфис 101 – 104 (по продолжение).