Иако лавот, познат како крал на животните, е прилично агресивен вид, овде се покажа во сосема поинакво светло кога му се приближи на кучето.

Во средбата со кученцето лавот излезе вистински господин. Откако кучето се приближи, лавот му ја зграби шепата, ја доближи до устата и ја бакна.

Оваа слатка снимка ја погледнале преку 900.000 луѓе на Инстаграм, а по коментарите може да се види воодушевување од лавот.

„Тој е толку нежен”, „Прекрасно“, „Вистински пријатели”, „Овој лав има подобри манири од некои луѓе”, беа само дел од коментарите.