Поради границите на дури три земји, во мал дел во Националниот парк Јелоустоун, законите технички не се применливи.

Оваа локација, наречена „Зона на смртта”, за прв пат го привлече вниманието на јавноста во 2005 година благодарение на  професорот Брајан Кул од Државниот универзитет во Мичиген.

Во есејот со наслов „Совршен криминал”, Брајан истакна дека иако поголемиот дел од паркот ја опфаќа државата Вајоминг, мал дел се протега низ Монтана и Ајдахо.

Меѓутоа, Конгресот сметаше дека паркот е под контрола на Вајоминг, но токму поради тоа се појавуваат одредени проблеми.

Поради малиот дел на Јелоустоун лоциран во Ајдахо,  на оваа локација може да се изврши злосторство, што би било невозможно да се суди.

Причината е затоа што според шестиот амандман обвинетиот има право на судење од поротата на државата и областа во која е сторено кривичното дело.

Збунет? И ние сме. Во видеото можете да ја видите картата на Јелоустон и границите на сите три земји.