Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Љубљана изјави дека кризата во Косово е предизвикана од попустливоста на Запад кон властите во Приштина.
Тој, по повод вчерашниот инцидент во северно Косово, во разговор со шефот на словенечката дипломатија Миро Церар, изјави дека кризата е предизвикана од тие кои сакаат на Балканот да изградат „санитарен кордон кон Русија“.
– Што се однесува до настаните во Косовска Митровица, таквите провокации им одговараат на тие кои сакаат на Балканот да создадат санитарен коридор кон Русија, рече Лавров.
Според него, тоа што Приштина не ги реализира претходно постигнатите договори покажува дека ЕУ е беспомошна.
Церар оцени дека акцијата на специјалните полициски сили во Косово ќе има сериозни последици во односите меѓу Приштина и Белгра