Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека официјални лица од неговата земја може да присуствуваат на церемонијата за свечена заклетва за новата влада на Авганистан, доколку таа ги вклучи сите етнички групи во земјата.

– Сакаме да го поддржиме процесот на формирање влада доколку оваа влада го одразува целиот спектар на авганистанското општество, вклучувајќи ги талибанците и другите етнички групи, а не само Паштуните, како што се Узбеците, Хазарите и Таџикистанците, рече Лавров.