Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена во кој било момент да ги продолжи преговорите со Киев, точно таму каде застанаа.
– Москва повеќе пати зборуваше за својата подготвеност да најде решение за украинската криза преку преговори, врз основа на разбирањето постигнато помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот во Алјаска, вклучително и наоѓање решение за првичните причини за конфликтот, особено за заканите по државната безбедност на Руската Федерација, наведе Лавров.
Тој додаде дека не сака да се посомнева оти Самитот Русија и САД на Алјаска бил организиран за Киев да добие на време.
Лавров посочи и дека САД се откажале од својата улога на „непристрасен посредник“ во разговорите за завршување на војната во Украина и воведуваат санкции кон Русија, додека Европа „отворено се обложува на терористичките методи на Зеленски“ и „охрабруваат напади врз цивилни цели длабоко на руска територија, надевајќи се дека ќе посеат паника и поделба во руското општество“.
Според Лавров, претседателот на Украина, Володимир Зеленски и наметнува на Москва и на своите европски спонзори нереални услови.




