Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Неодамна Европската комисија предложи:„ Ајде да разговараме со Русија за заемно признавање на вакцините и сертификатите“. Ние сме отворени за тој дијалог, истакна Лавров на семинар за руската надворешна политика.
Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината Спутник В во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.