Тензиите во односите меѓу Русија и САД се далеку од слични на оние за време на кубанската ракетна криза, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во тоа време, двете големи сили беа на работ на нуклеарна војна.
– Мислам дека историските паралели од овој вид не се соодветни. Сегашната воена и политичка ситуација во светот навистина има сличности со периодот на Студената војна, но има и големи, фундаментални разлики, рече Лавров.
Како што пренесе руската агенција Тасс, тој додаде дека односите меѓу Русија и САД сега се далеку од најниската точка за време на кубанската криза во 1962 година, кога, како што рече, „ние бевме буквално на работ на нуклеарна војна“.