„Не сум задоволен како игравме на двата натпревари, иако знаеме дека противниците се подобри од нас. Ја променивме генерацијата и стилот на игра, но ќе сториме што можеме да се мобилизираме и да се обидеме да ја победиме Аргентина. Мора многу да зборуваме каде грешиме, да одмориме и добро да се подготвиме за натпреварот против Аргентина. Дојдовме тука по една победа и уште веруваме во неа“.

Ова го истакна селекторот Кирил Лазаров по поразот на македонската репрезентација од селекцијата на Холандија.

-Мора да научиме многу од овој пораз. Холандија е поквалитетен противник од нас, но не за цели десет гола. Мора да играме поколективно, а не како што денес игравме. Во 43. минута беше -4, а во 55. минута веќе -10. Може да се победи против поквалитетен тим, но мора да се покаже карактер. Вечерва го немавме тој квалитет. Имаме добри, но млади ракометари кои првпат играат на ваков турнир. Тој недостаток се чувствува, кажа Лазаров.