Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Cеверна, како граѓанска и демократска држава, напиша Зоран Заев во објава на Фејсбук со која сугерира како некому некогаш в Мкаедонија да му било забрането да зборува на својот мајчин јазик. Тоа што Заев не прави разлика меѓу зборување на својот мајчин јазик и официјална употреба на јазикот, како и негова службеност, е сосема друга работа.

Заев додадава дека ширум светот денеска под покровителство на Обединетите Нации и УНЕСКО, се организираат настани по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за промоција на негувањето и афирмацијата на сите јазици што ги користат народите во светот и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови на светот.

Концептот на разноличност во Република Cеверна Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата во постигнувањето еднакво општество и можности за сите граѓани во нашата држава, како една од целите на Владата на Република Cеверна Македонија.

Се определивме за политики што ја градат Република Cеверна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Креираме јазични политики коишто се сообразуваат според потребите на граѓаните од сите етнички заедници.

 

Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива РепубликаCеверна Македонија, како граѓанска и демократска држава.

 

Нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики – е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина и затоа со право велиме дека различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. За наша предност, пишува Заев.