Очигледно некој т.н. медиум се амбицирал, па го прашал Борче Давитковски, од она што се нарекува Правен факултет во Скопје, за важноста на потписите против Законот за попис што ВМРО-ДПМНЕ ги собира.

И Давитковски, сериозно го сфатил „сериозното“ прашање и со уште посериозна правна мисла одговорил дека „потписите на Мицкоски не важат“.

Што е веројатно последица и резултат на мошне голема стручна правна анализа.

Мицкоски, не остана должен. Ова е неговиот одговор до Давитковски:

„Не колега, ако можам така да те наречам.

Не собира Мицкоски потписи, народот се крена!

Ова се потписите на народот против таквите слуги на сите власти како тебе. Ви доаѓа крајот па се вознемирувате.

Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари.

Народот ќе продолжи да се бори и да собира потписи за да може да се ослободи од амебите во општеството. Ве разбирам, но не можам да ве оправдам.“