Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, како што тврди, од доброупатени извори.

Според порталот, досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.

Фокус побарал и очекува официјална информација од Кривичниот суд.

Инаку, порталот тврди дека вечерва пред домот на Мијалков има засилено полициско присуство.

Но, како што известуваат медиумите, полицијата засега не може да го најде за да му го врачи решението и да обезбеди примена на мерката наложена од судот.