Стефан Чернетич, кој тврди дека е принц од Црна Гора, Макеоднија и Србија, се сретнал со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Чернетич објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Facebook.
На фотографиите може да го видиме Чернетич како го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија.
Инаку, за Стефан Чернетич беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.
Чернетич и’ подарил титула и на поранешната македонска мисица, Дунавка Трифуновска. Тој ја прогласил Дунавка за дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија“, или на англиски, „Dame of the Silver Medal of Saint George“.