Кинескиот заменик министер за надворешни работи Ле Јученг изјави дека НАТО не треба да се шири на исток.

Ле Јученг ги критикуваше строгите западни санкции наметнати на Русија по инвазијата на Украина и рече дека главната причина за таа војна лежи во менталитетот на Студената војна и политиката на моќ.

Тој рече дека проширувањето на НАТО на исток ќе го доближи до предградијата на Москва каде што проектил може да го погоди Кремљ во рок од седум или осум минути.

-Поттурнувањето на голема земја, особено нуклеарна сила, во ќош би довело до последици кои се премногу страшни за да можеме да ги замислиме, рече Ле Јученг.

Тој се согласи со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека НАТО требало да се распадне заедно со Варшавскиот пакт.

-Сепак, наместо да се распаѓа, НАТО продолжи да се зајакнува и проширува и воено интервенира во земји како Југославија, Ирак, Сирија и Авганистан. Кризата во Украина е строго предупредување, рече тој.