Власта често се фали со минимална плата која ја покачила, но притоа не се зема предвид дека многу повеќе поскапеле производите, па и со со покачувањето сега може да се купат помалку производи.
Лебот како балкански симбол за стандард може да биде една од „мерките“ колку е вредна просечната плата во Македонија и колку лебови може да се купат со истата кај нас и во останатите земји од регионот и пошироко.
Така, со минимална плата во Македонија може да се купат 480 леба, во Црна Гора 517, во Косово 600, во БиХ 622, во Србија 804 итн.
Многу поголем е бројот на лебови што може да се купат со една просечна плата во другите земји во Европа, на пример, во Унгарија дури 1.037.