Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, изрази силна доверба во своите соиграчи, велејќи дека во тимот има пет играчи кои се способни редовно да погодуваат над 20 поени.

-Имаме добро избалансиран список. Имаме четворица, можеби пет играчи кои се способни за над 20 поени на секој натпревар. Се додека се браниме и дејствуваме ефикасно, задоволство е да се гледа нашиот тим, рече Леброн.

Лејкерс новата сезона ја почнаа со пораз од Лос Анџелес клиперс и победа над Далас.