По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
-Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката. Филипче и Заев изглумеа по пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 луѓе, глумат и сега. Филипче нема образ, кога немаше срам да остане министер по пожарот во модуларната болница, тој нема срам и одговорност за ништо. Венко Филипче е пример за политичар на кого зборот не му држи ниту еден час. Се што прави Филипче е за кариерен спас и да не одговара. Позицијата претседател на СДС ја презема за да може да се вади ма политички притисок, кога ќе биде повикан на одговорност за сите криминали, истакна Лефков.
Народот памти, а институциите ќе почнат да работат. Одговорност мора да има, додава Лефков.