Народот вчера се одлучи за промени. Над 70.000 граѓани од Скопје и сите делови од државата масовно кажаа Премногу е! Промени! И побараа предвремени парламентарни избори.
Ова беше истакнато на денешната прес конференција од Миле Левков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашниот голем народен протест во Скопје. Во продолжение интегрално текстот д прес-конференцијата:
Владата е делегитимирана од народот. СДСМ и ДУИ немаат легитимитет да продолжат да ја водат државата.
Никогаш до сега не излегол толку народ на улиците, за во еден глас да побара промени и подобар живот. Владата паѓа, зошто народот е гневен и осиромашен, а СДСМ и ДУИ се причина за гневот и сиромаштијата.
Народот не може веќе да чека нешто да се подобри. 5 години државата стагнира, народот осиромашува, криминалот царува. Премногу е.
Активната блокада вроди со плод. Ја изнесовме целата корумпираност и лицемерие на власта на површина. Беше потребно Ковачевски и целото СДСМ да глумат дека не го слушнале Талат Џафери како ги пцуе вработените во Собранието и им врши мобинг за да не падне владата. Ниту еден штетен закон не успеаја да протуркаат.
Доколку нема договор за избори оваа лето, активната блокада ќе премине во целосна блокада. Тоа ќе биде целосна блокада на Собранието, на институциите, на патиштата, протести низ градовите.
Нема време за чекање, зошто ако се чека кризата ќе биде уште поголема.
ВМРО-ДПМНЕ почнува со протестно лето. Тимови од партијата, членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите населени места, ќе извршиме општа мобилизација и изразување на незадоволството од политиките и лошата перспеткива и економска состојба.
Владата мора да падне. Оваа криминална и корумпирана власт мора да си замине. Народот бара нова енергија.