Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат. Месец дена СДС бега од суштина, и не сака да се извини за тоа што дозволиле Артан Груби да ја ограбува државата, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Месец дена СДС ја дефокусира јавноста, само за да не треба да и каже како со нивен премиер и министер за внатрешни работи, не знаеле што прави Груби, а не може затоа што точно знаеле и му го дозволиле тоа. Артан Груби со години непречено ја крадел државата, а за тоа заштита добивал од СДС. СДС најмалку што може да направат е да излезат и јасно и гласно да се извинат што дозволиле Груби да краде. А потоа и да се понудат за помош на институциите, вели Лефков.

„Се друго освен директно извинување од СДС е замајување на граѓаните и само покажување дека СДС не се дистанцирале ниту милиметар од Груби и ДУИ“, посочи пратеникот.