Пендаровски да се договори со Стево дали поддржува или не лустрација и генерален реизбор на судии и обвинители, истакна денеска Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Пендаровски првин тврдеше дека ја поддржал идејата на ЕУ во 2017-тата да нема генерален реизбор на судии и обвинители, а од митинзи повикуваше на генерален реизбор. Да се потсетиме што зборуваше Пендаровски.
Стево Пендаровски е директно виновен за состојбата во судството. Пендаровски се однесува политички опортуно, без да ја има в предвид реалната состојба. Еднаш кажува дека ја поддржал одлуката на ЕУ, да нема генерален реизбор, а кога СДС требаше да прави политички прогон, ги заплашуваше со генерален реизбор судиите и обвинителите за да ги впрегнат во јаремот на СДС за политички прогон.
Епилогот 7 години потоа се гледа. 2% доверба во судството, политички монтирани случаи и граѓани кои ја напуштаат државата и поради немањето систем.
И додека вршеа политички прогон, ова судство и обвинителство ги аболираше сите нивни функционери. Од Ден Дончев кој избега, преку Драги Рашковски и Катица Јанева кои повеќе се надвор отколку во затвор до сите криминалци блиски до нив.
Со право народот вели дека немаме држава. Време е да ја вратиме, порача Лефков.