Болница. Лечење. Дијализа. Сите овие зборови асоцираат на не толку пријатна ситуација. Сепак, лекарите во бразилскиот град Салвадор смислиле како да им ги олеснат тешките моменти на пациентите.
Музиката пуштена и една лекарка почнува да танцува. По неколку секунди, таа допира една пациентка, која лежи на кревет покрај неа, и таа продолжува во истиот ритам. Така тргна музичкиот ланец на пациенти и медицински работниц, кој на сите им ги врати насмевките.