Фотографија на докторот Венко Филипче, кој е и претседател на СДСМ, предизвика дилеми и негодувања во јавноста. Тој се пофали со активностите кои ги обавува на неговата официјална страница на Фејсбук, под која напиша „работно“, објави порталот skopje1.
На фотографијата освен тој, е и негова колешка. Но и име и презиме, датум на раѓање, од пациентката, чија медицинска снимка е отворена на екранот до нив.
Откривањето на лични податоци од здравствен осигуреник (пациент), би значело и прекршување на Законот за здравствена заштита. Членот 153, став 2, вели дека професионална тајна се податоците на пациентите. Во член 154 пак се наведува дека прекршувањето на одредбата ќе значи повреда на работниот однос.
Во Законот нема одредби кои овозможуваат овие членови да не важат. Тоа значи дека без разлика дали е од невнимание, негрижа или со дозвола, откривање на медицинска снимка од пациент би било прекршок.
Фотографијата ја виделе најмалку 5.000 лица ако се суди според бројот на лајкови.
На објавата на Филипче денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ:
– Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче знае дека тоне во криминали, знае дека на јавноста не може да и објасни зошто ја сокрил фирмата во Бугарија и не ја пријавил во анкетниот лист, па смета дека со сликање по операциони сали народот ќе го засака. Венко, едно да знаеш, тоа што си лекар е твоја професија и должност, а пациентите не се должни да ги малтретираш за фотиграфирање. Тоа е срамно, мизерно и под секое ниво. Венко Филипче им го руши достоинството на пациентите и треба да се извини, стои во соопштението на партијата.