Американската рок-легенда Лени Кравиц е во Скопје по повод концертот кој ќе се одржи утре, а на социјалните мрежи објави видео од главниот град.

Тој ја посети старата чаршија, а делеше и автограми на луѓето низ Скопје.

На видеото кое го сподели на Фејсбук напиша: „Скопје, Македонија. Најубав ден за среќавање со прекрасни луѓе“.

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, тој ќе настапи во ВИП Арената во Скопје. Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на светски познатиот музичар.