Грчкиот митрополит Теоклитос, во чија надлежност се Лерин, Преспа и Еордеја, во изјава за Спутник се изјасни против автокефалноста на МПЦ-ОА. Тој МПЦ-ОА ја нарекува „расколничка т.н. македонска црква“, пренесува грчка Ромфеа.
„Неговата екселенција“, наведува Ромфеа, во изјавите за Спутник истакнува дека во Скопје нема „македонска црква“. Но, тој додава и нешто друго:
„Бидејќи не ја признаваме соседната земја како Северна Македонија, како очекувате да признаеме македонска автокефалност?“ запрашал митрополитот на Лерин, господин Теоклитос, зборувајќи за Спутник.
Тогаш додал и дека во Скопје „нема македонска црква“ во Скопје.
„Според мое лично мислење, патријархот Вартоломеј не треба да им дава автокефалност“, рекол митрополитот на Лерин за Спутник.
По овие негови изјави, подолг текст во врска со ова има и порталот „Православни христијани“ кој е англиски јазик.