Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане, може да се врати во Премиер лигата, пренесува „Talksport“.
Според британската спортска радио-станица, 25-годишниот фудбалер има намера да го напушти германскиот клуб во зимскиот преоден рок. Челзи, Арсенал и Тотенхем покажуваат интерес за Германецот. Фаворит за Сане е Челзи кои настапува во Лигата на шампионите.
Сане се приклучи на минхенскиот клуб во јули 2020 година. Од 2016 до 2020 година, Германецот играше на англиското првенство за Манчестер сити.