Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На граничниот премин Табановце, за излез од држава се чека околу 30 минути, додека на другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

На граничниот премин Богородица, за излез од државата чекањето е 15-20 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.