Министерот за финансии и социјала на Црна Гора, Милојко Спајиќ објави дека оваа земја ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија.
– Драго ми е тоа што можам да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и ПЦР-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, објави Спаиќ на руски јазик на Твитер.
Се очекува во наредните денови да биде прецизиран конкретниот датум.