Лидерот на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека групата поседувба ракети со прецизно наведување, но ги демантира наводите на Израел, дека има фабрика за ракети во Либан.

Тој истакна дека Израел лаже со цел да ги оправда своите напади врз Либан.

– Хезболах има право да има такви фабрики, но немаме такво нешто, посочи Насралах.

Израелските медиуми претходно објавија дека израелски дрон погодил фабрика за производство на ракети.

Насралах повторно му се закани на Израел дека ќе мора да ја плати цената за неодамнешниот напад.