Либанскиот медиум Ал-Џадид попладнево објави дека вечерва во 22 часот ( 21 часот по средноевропско време) ќе биде лиферувано заедничко американско-француско соопштение за постигнат прекин на огнот во Либан.

Либанскиот технички премиер, Наџиб Микати, истовремено ќе објави дека го поздравува прекинот на огнот меѓу Израел и либански Хезболах, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека „одобрил продолжување на воените офанзивни операции на северниот фронт“.

Израел денеска изврши серија напади врз Бејрут, тврдејќи дека во текот на денот погодил речиси 40 цели на Хезболах.

Сирените за противракетна одбрана попладнево се огласија во Манара, во североисточниот дел на Израел, во Хаифа и околината на израелскиот медитерански брег.

Ави Мајер, поранешен издавач на „Џерусалем Пост“ истакна дека не е невообичаено воените активности да се интензивираат пред прекин на непријателствата со цел да се осигура дека ќе се постигнат што е можно повеќе воени цели пред да престане таквата активност.