Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница Струмица каде ќе имаат средба со директорот на болницата Наќе Гогов.
Во рамки на средбата премиерот Заев, ќе реализира и лична донација – амбулантно возило за потребите на болницата, соопштија од владината прес-служба.
По средбата пред зградата на болницата Заев, Филипче и директорот Гогов ќе дадат изјави за медиумите.
Оваа донација доаѓа откако директорот на болницата неодамна преку социјалните мрежи бараше донации од граѓаните за да набацат амбулантно возило. Набргу по објаватата на Фејсбук, директорот ја избриша.
Како што е познато, премиерот Заев уште во првиот мандат од свои пари го донира бројчаникот на палата Македонија во Скопје, кој требаше да ги брои вратените пари од криминалот кај граѓаните. Но, бројчаникот остана на нула и беше промашена донација.