Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на предновогодишната средба со сопартијците и медиумите истакна дека војната во Украина и оттаму произлезената меѓународната економска криза како годинава ќе биде главна карактеристика и проблем тука и во 2023 година. Според него за државата спасот е поддршката од ЕУ и САД.

-Моите политички анализи покажуваат дека минатата година ќе остане забележана по агресијата на Русија и војната против Украина која ја дестабилизираше целата меѓународна заедница нормално и нас тука. Втора работа што произлегиу од ова е тешката економска криза. Не спаѓам во редот на тие политичари кои секој ден нудат надеж без покритие. За жал морам да кажам дека следната година од економски план ќе се влошува уште повеќе. Единствена наша надеж е ние да бидеме со нашите меѓународни партнери ЕУ и САД кои ни помагаат и се надевам дека и понатаму ќе економски ќе ни помагаат, порача Мендух Тачи.

ДПА следната година 2023 година ќе одбележи 30 години од основањето.

Инаку, Тачи долги години е на црната листа на политичари во САД.