Кинеските власти имаат намера со сите средства да обезбедат единство меѓу Кина и Тајван, и покрај изјавите на САД, денеска изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

– Прашањето на Тајван е прашање број еден во внатрешната политика на нашата земја. Кина треба и задолжително ќе биде обединета, ние сме подготвени да преземеме максимални мерки за мирно обединување со Тајван, рече Лиџијан на брифинг, одговарајќи на прашањето како Пекинг ја оценува неодамнешната изјава на Вашингтон за неприфатливоста на обединување на Тајван со континентална Кина со сила.