Сопственикот на британската компанија ИНЕОС Џим Ретлиф ја купи Ница.

Според официјалната веб-страница на клубот, Ретклиф, кој важи за најбогатиот човек во Велика Британија „тежи“ околу 21 милијарда фунти.

Шеесет и шестгодишниот Британец за Ница дал меѓу 100 и 120 милиони евра, објавија француските медиуми. Ова е најголема зделка во историјата на Лига 1.

Ретклиф исто така е сопственик на швајцарската Лозана. Тој претходно се обиде да го купи Челзи од Роман Абрамович.