Тренерот на Арсенал, Микел Артета го оквалификува како финале денешниот реванш со Бенфика од осминафиналето во Лигата на Европа. Првата средба заврши нерешено 1:1.
– Голот на гости е секогаш важен, но во овој контекст не мислам дека е толку релевантен. Ова е второ полувреме, треба да се обидеме да победиме. Друга работа е што без навивачи, без нашиот стадион, мислам дека играта ќе биде многу тешка. Ова е навистина важен натпревар психолошки и во однос на самодовербата. Бенфика е навистина тежок противник. Ова е тим кој играше многу години во Лигата на шампионите. За нас мечот ќе биде финале, истакна Артета.
Натпреварот ќе се игра во Атина со почеток во 18:55 часот.