Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес Лејкерс, рано утрово претрпе висок пораз на гостувањето кај Јута џез со резултат 114:89.

Лејкерс ја има најлошата серија во сезоната со четири последователни порази.

Со биланс 22 победи и 11 порази, ЛА лејкерс се на третото место на табелата во Западната конференција.

„Езерата“ периодов играат без повредениот Ентони Дејвис. Нивен следен натпревар е со Портланд в сабота наутро.