Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби од Бугарија во Скопје во рамки на Лигата на нациите со 0-1.

Како клучен момент се покажа црвениот картон на нашиот дефанзивец Тодор Тодороски кој беше исклучен уште во 14-тата минута.

Македонија се повлече после црвениот картон и се реши за подефанзивна игра, а гостите беа полетни, напаѓаа за нијанса повеќе и покажаа голема борба.

Во 50-тата минута капитенот на Бугарија Десподов по една контра се најде сам пред голманот Столе Димитриевски и успеа да го совлада.

Милевски во 62 минута направи двојна измена. Во игра влегоа Љупчо Дориев и Стефан Спировски на местото на Милан Ристовски и Бојан Миовски.

По ова, Македонија се разбуди и изврши жесток притисок во напад со три големи шанси по ред, но потоа играта спласна и нашата репрезентацијанемаше ни сила ни знаење за нешто повеќе.

По овој пораз Македонија заврши на третото место во својата група во Лигата на нации, а Бугарија се искачи на второто. Прва е Грузија.