Македонската фудбалска репрезентација се избори за нерешен резултат на гостински терен против Грузија играјќи нерешено 1:1.
Бодот за „црвено-жолтите“ е со голема тежина ако се знае дека последните 30 минути Грузијците имаа фудбалер повеќе поради исклучувањето на Висар Муслиу.
На дуелот којшто се играше во рамките на 2. коло Ц-дивизија Група-2 во Лигата на нации, домаќините поведоа од пенал во 13. минута преку Торнике Окриашвили. Конечните 1:1 ги постави Стефан Ристовски по асистенција на Пандев во 33. минута од првото полувреме.
По две кола двете репрезентации имаат по четири бода, Ерменија има три, последна на табелата е Естонија без освоен бод.