Вчеравечер седум нови дуели се одиграа од втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Немаше изненадување, откако во дуелите посилните тимови запишаа победи.
Белоруски БАТЕ го совлада норвешки Розенборг со 2:1, белградска Црвена Звезда победи со 2:0 против ХИК Хелсинки а Селтик постигнаа пет гола на естонски Номе Калју, кој претходно го елиминира македонскиот тим Шкендија.
Резултати и стрелци, 2.коло од ЛШ:
БАТЕ – Розенборг 2:1
1:0 Ставесиќ (5-пенал)
1:1 Конрадсен (25)
2:1 Скавиш (51)
ЧФР Клуж – Макаби (Тел Авив) 1:0
1:0 Омрани (22)
Ференцварош – Ла Валета 3:1
1:0 Двали (19)
2:0 Ландзафаме (36) д.
3:0 Ландзафаме (59)
3:1 Јури (85)
Марибор – АИК Стокхолм 2:1
1:0 Кронаветер (6)
1:1 Хојтом (28)
2:1 Ивковиќ (38)
Селтик – Номе Калју 5:0
1:0 Ајер (36)
2:0 Кристи (44)
3:0 Грифитс (45)
4:0 Кристи (65)
5:0 Мекгрегор (77)
Црвена Звезда – ХИК Хелскинки 2:0
1:0 Боаки (27)
2:0 Павков (90)
Дандалк – Карабах 1:1
0:1 Амрели (4)
1:1 Хоубан (78).