Трансферот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е пред пропаѓање, пишува „Скај Спортс“.

Португалецот беше главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“, но малку е веројатно тој да пристигне на „Олд Трафорд“ ова лето.

Вчера Фернандез постигна гол за „лавовите“ во ремито 2:2 со Ливерпул во контролниот меч, а пред неколку дена ја потврди својата желба да игра во Премиер Лигата, но според „Скај“, раководството на Манчестер Јунајтед ќе даде приоритет на другите трансфери.

Тимскиот менаџер, Оле Гунар Солскјер бара нов централен дефанзивец, откако Хари Мегваер од Лестер е број еден на списокот, но „лисиците“ сакаат рекордно висока сума за да го ослободат фудбалерот.

Има шанса Јунајтед да нема да има доволно пари за да го привлече Фернандеш, кој чини над 65 милиони евра.

„Црвените Ѓаволи“ продолжуваат да бараат и десно крило, и можно е да им треба нов централен напаѓач, ако се разделат со Ромелу Лукаку.