Шпанскиот центар Пау Гасол ќе ја продолжи кариерата во Портланд Трејлблезерс.

Двократниот НБА шампион потпиша за една година.

Минатата сезона, 39-годишниот Гасол одигра 30 натпревари за тимовите на Сан Антонио и Милвоки со просек од 3,9 поени и 4,6 скока по натпревар.