Одделнието за борба против организиран криминал, меѓу кои и шефицата Вилма Русковска, се отежнува работата на ова обвинителство.
Вилма Русковска, на барање на Јовевски треба да се оддалечи од функцијата. За Телма Русковска потврди дека привремено според годишниот распоред ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова.
Но, проблемот според Русковска е што во ваква ситуација потешко ќе биде да ги предаде единствените две предистраги кои таа лично ги води. Истрагите за работењето на финансиката полиција и истрагата за надзорот во МВР врз приватните центри за технички прегледи. Русковска, стравува дека истрагите ќе стивнат, бидејќи заради оваа ситуација странките во постапката стравуваат да соработуваат со обвинителството. Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја составува жалбата до Советот за јавни обвинители за предлогот за нејзина суспензија.
Ќе го искористам право на жалба до советот на јавни обвинители за предлогот на јавниот обвинител за оддалечување од функцијата, а по исходот од дицисплинската постапка. Во меѓувреме според распоред годишен колешката Лиле Стефанова ќе ги превземе обврските во ОЈО ГОКК, вели Русковска за Телма.
Обвинителството за гонење корупција и организиран криминал е десеткувано заради годишните одмори. Отпочнувањето на дисциплинска постапка, обвинителката Ивана Трајчева ја дочека на одмор, исто како и нејзината колешка Елизабета Јосифовска. Засега, Јосифвоска не го коменитра наводот на државниот обвинител дека сториле намерна и неоправда крупна професионална грешка. Ќе го почека исходот од дисциплинската постапка.
Уште го немам примено известувањето за отворањето на дисциплинска постапка. Од медиумите се информирам, бидејќи сум на годишен одмор и утре се враќам на работа. Тоа е одлука на Јавниот обвинител и ќе ја почитувам и учествувам во постапката, кусо одговори обвинителката Јосифовска за Телма.
Писмено, не ни лично до медиумите, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муреми соопшти дека поднел оставка како в.д. директор на управата, иако мандатот му истекува во февруари наредната година. Проблемите меѓу двата истражни органи настана откако Русковска отвори предистрага со сомнеж дека финансиската полиција чувала предмети во фиока и упадна во управата со претерес за одземање документација.
Муареми на Русковска ѝ возврати со кривична пријава за начинот на кој постапувала, а државниот обвинител Јовевски синоќа отвори дисциплинска против трите обвинителки, а на Русковска ѝ наложи да се оддалечи од функцијата.
Русковска ќе се жали, а Советот на јавни обвинители во наредните 15 дена треба да одлучи дали ќе ја врати Русковска на функцијата, за да продолжи да постапува со двете предистраги кои служебно ги води.