Специјалната американска комесарка за антисемитизам, Дебора Липштад, како една од најпознатите истражувачи на холокаустот во светот, нападите на Хамас врз Израел ги оцени како „најсмртоносни за Евреите по холокаустот“.
Липштад кажа дека „нема оправдување за гнасниот, варварски тероризам против израелските цивили и масовните убиства. Никој нема право да му кажува на Израел како да се брани и да спречи и одвраќа идни напади“.
Американскиот претседател, Џо Бајден, во вонредното обраќање од Белата куќа во саботата ноќта изјави дека „САД стојат зад Израел. Никогаш нема да престанеме да им го чуваме грбот… Израел има право да се брани себеси и својот народ.”