Напаѓачот на Ливерпул, Роберо Фирмино, продолжи со тренинзи по залечување на повреда на колкот, пренесува „Скај спорт“.
Дваесет и седумгодишниот Бразилец беше повреден за време на тренинг сесијата пред натпреварот од 36. коло од првенството на Англија со Хадерсфилд (5:0).
Оваа сезона,Фирмино настапи на 47 средби во сите натпреварувања, постигна 16 голови и оствари седум асистенции.